По успешниот почеток на сезоната кога комплетираше 14 победи по ред, меѓу кои и два натпревара од Европскиот ЕХФ-куп, против литванскиот претставник Клаипеда Драгунас, македонскиот ракометен вицешампион, РК Алкалоид, се наоѓа пред вториот европски предизвик сезонава. Во третото коло, последно што се игра во 2024 година, избраниците на тренерот Кирил Лазаров ќе се борат за пласман во осминафиналето, против екипата на Вест Виена од Австрија. Дополнителна предност за „скопските фармацевти“ е тоа што двата натпревара се играат на домашен терен, во салата во Автокоманда, утре од 19:00 часот во сабота во истиот термин.
Поднаслов: – Во третото коло од Европскиот куп, добивме за противник доста уигран тим, кој е составен од младински репрезентативци од Австрија, тим против кој играа нашите младинци нерешено, ова лето. Противникот е технички добро подготвен и многу трча. За нас, како тим, тоа ќе биде одлично, бидејќи играме ист ракомет – истакна тренерот на тимот, Кирил Лазаров |
– Второто коло го поминавме против незгодна литванска екипа. Сега добивме за противник доста уигран тим, кој е составен од младински репрезентативци од Австрија, тим против кој играа нашите младинци нерешено, ова лето.
Противникот е технички добро подготвен и многу трча. За нас, како тим, тоа ќе биде одлично, бидејќи играме ист ракомет. Гледачите, во рок од 48 часа, ќе може да гледаат два добри меча. Нашата цел е победа, но треба да одиграме за тоа. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот, нашата цел е да го надградуваме нашиот систем. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци, во периодот што измина, заслужија да имаат поддршка, особено на европските натпревари – изјави тренерот Кирил Лазаров.
Вест Виена е клуб со богата, речиси 80-годишна традиција и вредни резултати, меѓу кои и шест шампионски титули во домашното првенство и едно полуфинале во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Последната шампионска титула ја освои во 2023 година, но соочен со економски проблеми, клубот таа сезона се повлече од најсилното натпреварување.
Веднаш успеа да се врати во најсилната конкуренција, а во процесот го освои и Купот на Австрија, со што се здоби со правото да настапи на годинашниот ЕХФ Европски куп.
Вест Виена во 2. коло играше два натпревара на Фарските Острови, против екипата на Вестмана ИФ. На првиот меч, победи со 29:22, а загуби на реваншот со 30:34.