Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер немаше сили за изненадување и очекувано загуби во Унгарија од Веспрем со 33:26, во натпреварот од деветтото коло на групата А на Лигата на шампионите. Фаворитот водеше во текот на сите шеесет минути и не дозволи нималку драматичен натпревар.

Најефикасни кај Веспрем беа Косоротов со седум и Фабрегас со шест гола, додека во тимот на Еурофарм Пелистер се истакнаа Митревски со десет одбрани, Кузмановски со шест и Радивојевиќ со пет гола.

Во следното десетто коло македонскиот шампион го игра веројатно клучниот натпревар во групата, против полска Висла во Битола.

 

ИЗДВОЕНИ