Унгарскиот ракометен шампион Веспрем, прескапо ја плати победата над Кил, откако беше утврдено дека повредата што Расмус Лауге Шмит во второто полувреме од овој дуел се здоби со повреда од посериозен карактер.

Ова значи дека Лауге го очекува повеќемесечна пауза од ракометните терени, па големи се шансите дека оваа сезона е предвреме завршена за него.

-По мечот, врз Лауге беа извршени прегледи, по што беа земени мислења од неколку лекари. Јасно е дека станува збор за проблем со вкрстените лигаменти и неопходен ќе биде хируршки зафат. Операцијата ќе биде извршена во Данска, се надеваме дека ситуацијата со Ковид-19 ќе овозможи Лауге да може што поскоро да отпатува во татковината. Му посакуваме што побрза рехабилитација, се вели во соопштението на Веспрем.