Унгарскиот гигант Веспрем ја покри десната бековска позиција најмалку до летото 2026 година. Шведскиот репрезентативец Лукас Сандел, кој имаше договор до 2025, ќе остане уште една сезона најмалку во унгарскиот првак, откако потпиша нова соработка.
Веспрем го има на располагање Ремили, кој исто така има договор до 2026 година, па тренерот Чави Пасквал нема да има главоболки околу чувствителното место во секоја екипа.
Иако се споменуваше камбек на десниот бек Зоран Илиќ, сепак тој се договори со полскиот првак Висла Плок, па Веспрем се реши да го продолжи договорот со Сандел.