Весна Петрушевска соопшти дека има рак на дојка: „Борец сум, не сакам никој да ме сожалува“

2503

Познатата македонска актерка и водителка Весна Петрушевска – Бејби преку својот профил на Инстаграм сподели дека изминативе месеци се бори со една од најтешките болести на денешницата.

Со оглед на тоа што и претходно на некој начин најави, сега веќе и официјално Весна објави дека се бори со рак на дојката.

– Овој лајв ќе го оставам на мојот Инстаграм затоа што треба да ви кажам нешто. Затоа што секогаш сум била општествено одговорна. Општествено одговорна за ментално здравје, општествено одговорна за животот и општеството во коешто живееме и каде што сме сите сведоци.

И ако не си општествено одговорен тогаш не можеш ни да се бавиш со јавна професија…

Значи, која ќе ја добиеш веста дека ти имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено.

Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така. Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа.

Инаку мојата дијагноза е од средината на април оваа година. И тоа никој не можеше да забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на ‘Глумците пеат’, бев во Битола…

Затоа што прво сум борец, второ – не сакам да кукам, трето – мразам патетика и четврто – можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене.

Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, тоа е дека останувате сами. И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрпекување… мене барем ми пречи.

И иако сум човек којшто многу помагал и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент…

Се работи за следново, имав две операции. Значи, се работи за рак на дојка.

Тоа значи дека минатата година кога јас се оперирав, кога доктор Огнен ми ја извади жолчката, тогаш се направив систематски преглед каде што на десната града ми рекоа… вели имате една фиброза којашто треба да се следи.

И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, едно од кучињата ми скокна баш на десната града и толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар другар, мојот спасител Огнен…“, раскажува Весна, меѓу другото.

Водителката вели дека ѝ била направена мастектомија на десната страна, односно имала две операции во период од 45 дена, во приватна болница.