Верувале, или не: Полицијата во САД приведе пони поради „недолично однесување“/ФОТО

95

Во американската држава Алабама полицијата приведе пони поради „недолично однесување“.

Имено, понито цели два часа следело полициско возило додека не го забележале и го однеле на безбедно.

Понито ги следело полицајците „во потера со мала брзина“, се вели во полициската објава на Фејсбук, пренесува Директно.

Во соопштението на американската полиција се наведува дека понито било целосно „незаинтересирано“ за сѐ што зборувала полицијата, но сакало да се слика.

На крајот се направени фотографиите, а полицијата му дала прекар.

Сепак, понито е обвинето за „недолично однесување“, а полицијата се обидува да го пронајде сопственикот на животното.