Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на најдобриот голгетер во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Тимо Вернер.
Иако потпиша нов договор, репрезентативецот на Германија сериозно размислува за промена на клупската средина на крајот од актуелната сезона. Големата желба на „црвените“ од „Енфилд“ ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за брзоногиот напаѓач не биде помала од 50 мил. фунти.