Раководните лица на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, со големо внимание ја следат ситуацијата околу италијанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Марко Верати. Искусниот играч за врска постојано е критикуван поради просечните игри во актуелната сезона и затоа се погласни и погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден доколку официјалната понуда не биде помала од 60 мил. евра.