Бора Ѓорѓевиќ почина на 71-годишна возраст во Љубљана, а денеска по негова желба беше погребан во родниот Чачак.
Река од луѓе го испрати легендарниот музичар на вечна почива, солзи и липања одекнаа низ гробиштата.
Значајна улога при последното збогување на Бора Ѓорѓевиќ на Градските гробишта во Чачак имаше Хорот на гимназијата Чачан, кој со песната „Погледај дом свој, анџеле“ го испрати легендарниот Чачан во вечното почивање.
На панихидата од него се простија многу пријатели
Комеморацијата се одржа во Центарот за култура Чачак, кој се наоѓа на плоштадот Народно востание, а неговите колеги и пријатели му кажаа последно збогум на легендарниот музичар.
Комеморацијата започна со едноминутно молчење, а меѓу првите говореше градоначалникот на Чачак, Милутин Тодоровиќ.
Венец со вкрстени две гитари
Во Чачак завладеа молк, а непосредно пред комеморацијата, пред капелата беше оставен огромен венец со две вкрстени гитари на кој пишува „Последниот поздрав за нашиот Бора“.