Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека вакцинацијата на деца и млади на возраст од три до 18 години ќе започне во таа земја во октомври.
Тој исто така рече дека помалку од 12 проценти од населението биле вакцинирани против корона вирусот.
„Од октомври ќе го вакцинираме населението на деца и младинци во Венецуела од три до 18 години. Ќе имаме вакцини за сите деца, адолесценти и млади луѓе во Венецуела“, рече Мадуро за државната телевизија.
Според Пан -американската здравствена организација (ПАХО), 3,3 милиони луѓе (11,62 проценти) примиле две дози вакцини што се користеле во Венецуела, и тоа рускиот Спутник В и кинескиот Синофарм.
Речиси шест милиони луѓе ја примиле првата доза. Според официјалните податоци, 334.343 лица биле заразени со вирусот корона во Венецуела, од кои 4.019 починале.