Луѓето не ја сметаат Венера за убаво место. Наречена по римската божица на љубовта и убавината, таа е навистина токсична и суперзагреана планета. Меѓутоа, истражувања покажуваат дека не било секогаш така.
Во нова студија научниците тврдат дека древната Венера некогаш можела да овозможи живот покрај океан со течна вода, сѐ до мистериозниот настан кој не се случил, го однел сето тоа пред околу 700 милиони години.
„Нашата хипотеза е дека Венера можеби имала стабилна клима со милиони години“, вели планетарниот научни Мајкл Ваил од Инстирутот за вселенски студии студии Годард при НАСА.
„Можно е скорешното глобално случување на воскреснување да е одговорно за нејзината трансформација од земјина клима во пеколно топла куќа каква што гледаме денес“.
Истражувањето е претставено неодамна на заедничкиот состанок во Женева, Швајцарија и се надоврзува на две претходно објавени студиии на Ваи и неговиот тим и поврзани трудови кои моделираат виртуелизирани светови и топографии слични на Венера.
Заклучокот, вели тимот, е дека 3Д ОМЦ (општиот модел на циркулација) математичкото моделирање го подражава „оптимистичкиот“ поглед дека Венера „најголем дел од својата историја поминала со површински течна вода, тектоника на плочата и последично стабилна умерена клима слична на онаа кај Земјата“.
Овој период на климатска стабилност слична на оној на Земјата со течна вода во океаните можел да трае и до 3 милијарди години, сметаат истражувачите, на основа на низа симулации за тоа какви биле можеби климатските услои на древната Венера.
Низ низа хипотетички сценарија кои се одвиваат на различни точки од историјата – размислувајќи за длабоки (длабочини од 310 метри) и плитки (длабочина од 10 метри) симулирани океани, и за сценарио за воден свет каде што замислениот океан ја покривал целата „аквапланета“ Венера. Резултатите наведуваат на тоа дека древната Венера би можела да поддржи течна вода, со умерени површински температури на планетата од 20 до 40 степени Целзиусови (68 до 104 фаренхајти).
Барем тоа било така, уште пред 4,2 милијарди години, точно до пред 700 милиони години. Тогаш на Венера се случило нешто, и оттогаш планената е неверојатно врела, со токсична атмосфера „со ефект на стаклена градина“, со која доминираат јаглеродниот диоксид и азотот.
Овој атмосферски состав е голем дел од причините кои стојат зад исклучително високите температури и атмосферскиот притисок на Венера. Меѓутоа, се поставува прашањето: Како планетата Земја „сестра“ го добила својот пат?
„Нешто се случило на Венера каде што огромно количество гас било испуштано во атмосферата и карпите не можеле повторно да бидат апсорбирани“, вели Ваи.
„На Земјата постојат неколку примери за големи експлозии, како што било, на пример, создавањето на Сибирските замки пред 500 милиони години што е поврзани со масовно изумирање, ама не е ништо слично на ова што се случило со оваа планета. Тоа ја трансформирало целосно Венера“.