Велосипедската патека одвоена од пешачката со зеленило

165

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ го наведува тротоарот кај „Македонска пошта“ како одличен пример за уреден градски тротоар, каде јасно дефинираната велосипедска патека е одделена од пешачката патека со зеленило, кое нема да ве остави рамнодушни.

– Оваа површина од околу 200 квадратни метри е дел од проектот „Микро 20” и на радост на сите, пешаци и велосипедисти, ваквите зелени појаси кои буквално никнуваат среде сивите асфалтни тротоари веќе можат да ги забележат на повеќе локации во градот – потенцираат од ЈП „Паркови и зеленило“.