Велика Британија од денеска целосно го прекина увозот на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина, пишува Гардијан.
Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Твитер соопшти дека од денеска целосно е прекинат увозот на руски ЛНГ, „како дел од одговорот на илегалната инвазија врз Украина“.
Велика Британија уште во октомври ја соопшти својата одлука да го прекине увозот на руски гас од јануари 2023 година. ј