Во центарот на Париз е ограбена позната златарница, пленот е вреден помеѓу 10 и 15 милиони

99

Златарницата Пјаже во центарот на Париз ја ограбија три лица и избегаа со пленот, чија вредност е проценета на помеѓу 10 и 15 милиони евра, се доздава од полициски извор и од париското обвинителство.

Улицата каде што е извршена кражбата, Ру де ла Пе и плоштадот Вандом, во срцето на главниот град на Франција, се познати по светот по тоа што тука се продаваат најпрестижните светски марки луксузен накит и часовници. Никој не е повреден во текот на кражбата изведена во текот на паузата за ручек на персоналот, изјави еден полициски извор.

Според првичните податоци од истрагата, грабежот го извршиле три лица од кои барем едното носеле оруже некаде околу 13 часот.

Полицијата води истрага поради вооружена кражба и организирањер на криминална група, наведе обвинителството.

Претходниот пат кражба од некоја луксузна јувелириница во Париз се случи на 29 април. Тога три лица кои дојдоа во јувелинираницата Булгари на плоштадот Вандом со мотоцикли некаде пред 14 часот. Две лица носеа долго оружје и еден чувар е удрен, изјави тогаш полициски извор. Однесениот плен е проценет на повеќе милиони евра.