Вајлдер доби договор од 100 милиони долари за борба со Џошуа

113

Светскиот шамппион во супертешка категорија во бокс, во ВБЦ верзијата, Американецот Дионтеј Вајлдер, доби понуда од видео каналот „DAZN“ вредна 100 милиони долари и шанса до крајот на годината да се бори за титулата апсолутен шампион во супертешка категорија со Британецот Ентони Џошуа.

Нема дилема дека бронзениот бомбардер ќе ја прифати понудата, која е повеќе од одлична и затоа љубителите на боксот до крајот на годинава би можеле да гледаат борба меѓу овие двајца боксери.

Вајлдер за се ќе се огласи на почетокот од наредната недела. Најважна е пресконференцијата на која ќе го соопшти договорот со „DAZN “, но и борбата во која ќе ја брани титулата во мај годинава против Доминик Бразел.

Мечот со Џошуа би требало да се случи до крајот на годината. Промоторот Еди Херн, кој се грижи за кариерата на британскиот боксер, веќе најви дека борбата меѓу Ентони и Дионтеј би можела да се одржи до крајот на годината, односно во ноември или декември.

  • Не сакам премногу да зборувам за тоа, но имам охрабрувачки информации. Борбата би можела да се случи. Вистина е дека тимовите не се во добри односи, но коцките полека се сложуваат. Се уште сме на почетокот на преговорите, но во наредниот период ќе видиме како се ќе се одвива, изјави Херн и додаде:
  • Постои јасна стратегија која вас ве води до борба. Постои интерес од двете страни. Но двајцата мора да одработат по еден меч пред меѓусебе да ги вкрстат ракавиците во рингот.

Дионтеј и Вајлдер веќе долго време преговараат за деталите околу борбата во рингот, а според сите најави оваа борба повеќе од сигурно е дека ќе се случи до крајот на годината, бидејќи во игра се многу пари кои боксерите ќе ги добијат за своите перформанси на рингот.