Ватикан денеска објави дека ќе го прогласи за блажено полското семејство од девет члена – брачна двојка и нивните деца кои нацистите ги погубиле за време на Втората светска војна затоа што ги криеле Евреите за да ги спасат од холокаустот.
Минатата година, папата Фрациск го прогласи католичкото семејство Улма, вклучително и детето што го носеше Викторија Улма, за маченици за нивната вера, отворајќи го патот за миса за беатификација што ќе се одржи во нивното село Маркова, во југоисточна Полска.
Семејството Улма беше убиено во нивниот дом од германски нацистички војници и локална полиција контролирана од нацистите во мугрите на 24 март 1944 година, заедно со осум Евреи што ги криеле во нивниот дом. Се верува дека некој ги предал.
Јозеф Улма (44) бил земјоделец, католички активист и фотограф аматер кој го документирал семејниот и селскиот живот. Тој живеел со 31-годишната сопруга Викторија, нивните ќерки Станислава (7), Барбара (6), Марија (18 месеци) и синовите Владислав (5), Франчишек (3) и Антоније (2).
Според полскиот институт за национално сеќавање, кој детално ја документирал приказната за семејството Улма.
Католичката црква се соочи со дилема во врска со прогласувањето на нероденото дете на Викторија за маченик, бидејќи, меѓу другото, тоа не било крстено, што е услов за прогласување на блаженството.
Ватикан издаде појаснување во кое се наведува дека детето всушност е родено за време на ужасот на убиствата и е „крстено во крвта“ на неговата мајка маченичка.
Појаснувањето беше издадено на 5 септември од кардиналот Марчело Семераро. Тој денеска ќе претседава со мисата за беатификација на која се очекуваат повеќе од 30.000 луѓе од цела Полска. За прв пат се прославува цело семејство.