Вартоломеј: Она што се случи со Украинската нема да се повтори во Македонската црква!

136

Очекувањата дека Вселенската патријаршија наскоро ќе започне процес на признавање на МПЦ, по теркот на признавањето на украинската се чини паднаа во вода. Вселенскиот патријарх Вартоломеј во интервју за српскиот весник „Политика”, изјави дека Цариградската патријаршија нема намера да го менува Уставот на Српската православна црква или нејзините граници, “иако некои случаи со „Скопје и Црна Гора” ги поистоветуваат со Украина, каде што е дадена автокефалност на одредени тамошни црковни структури и покрај противењето на Руската православна црква”.

– За жал има огромни дезинформации за ова прашање. Некои го поистоветуваат случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, и тоа е многу вешто, бидејќи сакаат СПЦ да ја свртат против Вселенската патријаршија, одговори патријархот Вартоломеј на прашањето дали има намера да донесе одлука дека „црквата во Македонија нема да биде под јуриздикција” на СПЦ, изјави Вартоломеј.
Тој изјави дека многу владици од СПЦ се плашат дека она што се случи со Украина „ќе се повтори во Црна Гора и Охрид”.

– Ве уверувам дека работите не стојат така. Разликата во поглед на Украина, канонски и еклисиолошки, е во тоа што Русија упадна и ја окупира Киевската митрополија и дека никогаш не и беше дадена, додека Србија се што има и припаѓа канонски и еклисолошки. Тоа значи дека Вселенската патријаршија нема намера да го измени Уставот на Српската православна црква или нејзините граници, освен доколку тоа не е придружено со договор и соработка, изјави патријархот Вартоломеј.

Руската православна црква го обвини патријархот Вартоломеј за „упад” во нејзината канонска територија во Украина и дека на „расколничките” црковни организации им дала автокефалност, спротивно на канонските правила. РПЦ соопшти дека за неа, што е позиција и на СПЦ, единствената канонска црква во Украина е Украинската православна црква, која дејствува автономно во рамките на Московската Патријаршија.

Патријархот Вартоломеј, одговарајќи на обвинувањата дека се поставил над другите помесни цркви, вели дека „во свеста на Православната црква не постои „источен папа”, а секако не во неговите мисли и служба”.

Тој порача дека наесен ќе дојде во Белград, на покана на поглаварот на СПЦ. патријархот Иринеј, на прославата на осум века од хиротонијата на Свети Сава.

Од друга страна пак, МПЦ–ОА одлучи да се воздржи и да не поттикне немири меѓу некои православни цркви, откако барањето на МПЦ за признавање на автокефалност влезе во процедура, а Вселенскиот патријарх рече дека ќе се заложи за него. Сите се согласуваат дека аргументите на МПЦ-­ОА за добивање автокефалност, се поголеми од оние на украинската црква.