Македонскиот ракометен шампшион Вардар, го претрпе првиот пораз во Регионалната СЕХА Лига сезонава, откако на гостински терен загуби од украинскиот шампион Мотор Запорожје со 30:23.

Црвено – црните“ го одиграа најслабиот натпревар досега во регионалното натпреварување, дозволија домаќинот да направи солидна предност уште на стартот од натпреварот и да ја одржи до крајот на натпреварот.

Најефикасен во составот на Вардар беше Шеваљевиќ со пет гола, пред Димитриоски, Карапалески и Талески со по четири гола, додека кај Мотор Запорожје најдобри беа Хориха, Бурзак и Минотски со по шест гола. Одличен беше и голманот Комок, со 15 интервенции.

Моментон Вардар и Мотор се на делба на првото место во групата со по шест бода, со тоа што Украинците имаат одиграно само две средби, а „црвено-црните“ три натпревари.