Македонскиот ракометен шампион Вардар1961 во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интренационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Станува збор за лев и десен бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.
Бакари Диало (27) доаѓа од тимот на Трембле. Тој во кариерата има настапувано во Франција. Од 2013 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Понто Комбо. Потоа шест сезони во овој тим направи трансфер во Трембле каде што настапуваше во последните две години.
Овој лев бек сезонава одигра 24 средби за Трембле, а постигна 35 гола. Има процент на реализација од 61,4 проценти, а игра во двата правци. Претходно во сезоната 2019/20 на 18 натпревари имаше 38 гола и процент на успешност при шутот кон противничкиот гол од 62,3 проценти
Десниот бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.