Вардар по втора европска титула, Веспрем во четври обид за прв трофеј

156

Ракометарите на Вардар утре ќе го играат своето второ финале во Лигата на шампионите. Пред две години „црвено-црните“ во борбата за трофејот го победија Пари Сен-Жермен.

Противникот на македонскиот состав, унгарскиот претставник Веспрем ќе се обиде по четврти пат да се искачи на европскиот ракометен трон. Во претходните три обиди тоа не им успеа. Беа поразени од Магдебург во 2002 година, од Барселона во 2015 и од Киелце во 2016 година.

Завршниот меч од ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/19 меѓу Вардар и Веспрем ќе се игра утре во Келн со почеток во 18 часот.