Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 убедливо славеше против исландскиот претставник Валур Рејкјавик со 33:26 (19:11) во првото коло на Европската лига на ЕХФ.

Гостите отворија со голови на Густафсон и Чорсовиќ, а потоа за Вардар израмнување донесоа Лазаревски и Борозан. Македонскиот претставник успеа да се консолидира и дојде до водство од 5:3, а потоа ја бранеше предноста од два гола. Со добрата игра вардарци почнаа и да се одлепуваат, поведоа со 9:6, па тогаш почна добрата серија. Во добар ритам играше Срдановиќ, се разбрани и голманот Еспиња и тоа резултира со водство од 16:9 на полувремето.

Се наметнаа Исланѓаните на стартот од второто полувреме, меѓутоа смалија само два гола со својот налет (22:15). Вардар не дозволи никакво приближување, играше сигурно и диктираше темпо. Најблизу Валур се приближи до „минус пет“, а нашиот претставник се одржа во позитива и сигурно водеше во продолжението. Во завршните минути Вардар одигра сигурно, Недановски ги свика на минута одмор и рутински го приведе мечот кон крајот.

Најдобри во редовите на скопскиот гигант беа Вуко Борозан и Марко Срдановиќ со по шест погодоци, додека голманот Мигуел Еспиња Фереира запиша 15 одбрани. На спротивната страна Магнус Оли Магнусон постигна четири голови, додека Бјоргвин Пол Густвасон запиша 18 интервенции.