Вардар подготврен да му го земе скалот и на Веспрем

68

Македонскиот ракометен шампион Вардар по победата над Рајн Некар Левен во првиот натпревар од пролетниот дел на сезонат во Лигата на шампионите, во сабота (17.30 часот) ќе биде пред нов предизвик . Избаниците на тренерот Роберто Гарсија  Парондо, на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарскииот  Веспрем, во рамките на 12. коло од елитното натпреварување.

Ова ќе биде  директен дуел за второто место во А – групата и затоа „вардарци“ ќе треба да ја повторат играта од минатата недела кога на гостински терен славеа над „лавовите“. Во составот за овој натпревар Парондо ќе може да смета на  бекот Вуко Борозан и пикерот Рожерио Мораес, додека на Сергеј Горбок му е потребно уште еден месец да ја санира повредата.

  • Тежок меч, како и сите други во Лигата на шампионите. Имаме уште три натпревари до крајот на групната фаза, а Веспрем  ќе ни биде најтешкиот ривал до крајот на групната фаза. Заради тоа мора да играме добро од почетокот до крајот на мечот, ако сакаме да дојдеме до двата бода. Што се однесува до  Борозан и Мораеш, тие  тренираат оваа недела со нас и доколку се биде во ред ќе бидат во тимот. Така единствено ќе недостасува Горбок  за да бидеме комплетни,  истакна Парондо.

Со констатациите на тренерот се сложи и капитенот на тимот , пикерот Стојанче Стоилов.

  • Рајн Некар Левен го победивме на гости и со тоа си ја олеснивме задачата во трката за второто место во групата. Но, тоа не треба да не опушти. Веспрем игра во нагорна  линија, а ние сме максимално подготвени за нив, истакна Стоилов.

Билетите за овој натпревар се распродадени, а челниците на тимпот пуштија дополнителни билети за  стоење. Вардар ммоентно е на второто место во групата А со 15 бода еден повеќе од Веспрем, кој е на трето место, исто толку бода на четвртото место има Р.Н. Левен,  додека лидер е Барселона со 18 бода.