Ракометарите на Вардар забележаа победа во уште едно дерби во домашниот шампионат, откако пред својата публика со 29:26 го совладаа составот на Охрид, во натпревар полн со многу возбудувања, пресврти и неизвесности.
Во тимот на „црвено – црните“ се истакна Петриќ со шест гола, а еден помалку имаа Срдановиќ и Крсманчиќ. Кај Охрид прв стрелец беше Пешиќ со седум, а пет имаше Орјоникидзе.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер само два дена по големата победа во Данска во Лигата на шампионите, им се вратија на домашните обврски и запишаа нови бодови во Суперлигата. Пелистерци на гостувањето кај Бутел славеа со 24:29 и со тоа ја впишаа осмата победа оваа сезона, со која се искачија на третата позиција на табелата.
Лидерот Алкалоид Ракомет ја запиша десеттата победа во десеттиот натпревар ги дели од перфектен прв дел на сезоната. Во Автокоманда комбинираниот тим на Лазаров беше пресилен за Куманово и го совлада со 40:25.
Најефикасни кај Алкалоид беа Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, додека во тимот на Куманово се истакнаа Дарио Симоновски со осум и Бразилецот Мораиш со шест погодоци.
Ракометарите на Тиквеш забележаа нова победа во Суперлигата, откако во десеттото коло ја совладаа Струга со 38:30 (20:15). Домаќинот во Кавадарци беше подобар и сосема заслужено дојде до четвртото сезонско славје.