Вардар во инфаркт натпревар ја реши Барселона и закажа финале со Веспрем во ЛШ

251

Македонскиот ракометен шампион Вардар, се пласираше во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето ја совлада Барселона со 29:27.

Ова беше инфаркт натпревар, бидејќи каталонскиот гигант во поголем дел од натпреварот водеше со седум гола разлика. Но, избраниците на тренерот Роберто Парондо, во ниеден момент не се откажаа, направија пресврт во последните минути од мечот и заслужено стигнаа до своето второ финале во елитното натпреварување.

Најефикасeн поединци кај македонскиот шампион беше Кристипанс со девет голови, но блескаше и Милосављев на голот, додека во таборот на Барселона одличен натпревар одигра Гомес со девет погодоци.

Големото финале се игра утре попладне од 18:00 часот, а противник на Вардар ќе му биде Веспрем, каде настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков