Честитки за шампионската круна на Лос Анџелес Лејкерс пристигнуваат од сите страни, а една од нив испрати и Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот НБА кошаркар – Коби, кој заедно со својата ќерка загинаа во јануари годинава по пад на хеликоптер во близина на Калифорнија.

  • Честитки, чичко Пи (Роб Пелинка – генерален директор на клубот). Честитки, Лејкерси. Коби беше во право. Штета е што Коби и Џиџи не го гледаат ова, напиша Ванеса на социјалните мрежи.