Вандализирана статуата на Ана Франк во Амстердам: Со крваво црвена боја напишана пораката „Ослободете ја Газа“/ФОТО

149
Фото:принтскрин Х

Статуата во Амстердам што ја претставува Ана Франк, еврејската тинејџерка која загина во нацистички концентрационен логор за време на Втората светска војна и стана светски позната по својот дневник, со црвена боја беше напишано „Ослободи Газа“, соопштено е денеска.

Според фотографиите објавени на социјалната мрежа Х, на основата на статуата е испишано „слободна Газа“, додека рацете на младата девојка се обоени со истата крваво црвена боја.

Ова е втор пат за помалку од еден месец оваа статуа, која се наоѓа во парк на југот на Амстердам, да стане мета, забележа локалниот телевизиски сајт АТ5, кој прв дојде до овие фотографии.

Информацијата ја потврди портпаролот на полицијата во Амстердам, контактиран од АФП.

Како што информираат од АТ5, таа статуа веќе била урната на 9 јули, а општината тогаш побарала зголемена заштита, камера за видео надзор и ноќно осветлување.

Статуата е повторно оштетена веројатно оваа ноќ. „Истрагата е отворена, осомничениот се уште не е идентификуван“, изјави портпаролот на полицијата за AFP.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, има се повеќе антисемитски инциденти ширум светот, особено во Холандија.

Ана Франк е една од важните личности на еврејската заедница во Холандија, жртва на холокаустот, во кој во тоа време беа убиени околу 75 отсто од околу 140.000 Евреи во земјата. Нејзиниот дневник стана една од најнезаборавните приказни за холокаустот.

Во Амстердам, постои музеј основан во куќата во која Ана Франк и нејзиното семејство се засолниле две години за да се обидат да избегаат од нацистите, пред да бидат откриени на 4 август 1944 година.

Ана Франк најпрво била депортирана во транзитниот камп Вестерборк во Холандија, а потоа префрлена во Аушвиц и Берген-Белзен, каде што починала од тифус во 1945 година на 16-годишна возраст.