Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, пред некој ден гостуваше во Утринската програма на ТВ Канал 5, во која покрај тоа што раскажуваше за својата професионална градоначалничка работа, тој практично покажа дека е и мошне добар дури и предобар, кога станува збор за домаќинските работи. А, тоа подразбира што ако не, лупење на калинката, кое бара посебно знаење. Сепак, доаѓа од тој крај, каде што калинката е најглавното, најомилено и најзначајно овошје.
И чудно би било да не знае како се лупи! Валандовчаните се раѓаат и живеат со калинките и со благодатите кои на луѓето им ги дава ова здраво овошје.
–
–
–
Но, да бидеме искрени не секој може да биде така снаодлив како валандовскиот градоначалник кога во рацете ќе му се најдат калинката и ножот за сечење.
– Тоа е традиција во нашиот крај, која се пренесува од колено на колено. Јас, да бидам искрен, од мајка ми научив како се лупи калинката. Се сече најпрво одозгора во вид на еден помал капак, па потоа по кората од плодот се прават неколку резови со што калинката се ослободува и станува со се своите црвени, сочни и здрави семки, подготвена за употреба.
–
–
Само на тој начин нема да се измачите да ја излупите. А, и нема шанса да се попрскате по облеката, ниту па, во кујната ќе направите лом, објасни градоначалникот и на задоволство на Александра, водителка на емисијата, но и на задоволство на многубројните ТВ-гледачи.
Дуле Миќиќ