СЕ СОЗДАВА ВАКЦИНА НА СПАСОТ: Британските научници работат на искоренувањето на сериозна болест

73

Нaучници од Универзитетот во Оксфорд работат на развој на првата вакцина против рак на јајниците во светот, која би можела значително да придонесе за искоренување на оваа тешка болест. Вакцината, наречена OvarianVax, има за цел да го научи имунолошкиот систем како да ги препознава и напаѓа клетките на ракот на јајниците во нивните најрани фази, објави Sky News.

Се очекува оваа вакцина да делува на сличен начин како вакцината за хуманиот папиломавирус (ХПВ), која веќе покажала ефикасност во спречувањето на одредени форми на рак. Научниците се надеваат дека OvarianVax ќе донесе револуционерни резултати во борбата против еден од најподмолните форми на рак кај жените.