Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска свика состанок со членовите на Владата, префектите на погодените жупании и претставници на сите надлежни служби.
На средбата, како што соопштија од Владата попладнево, тој „апелирал до сите засегнати страни да бидат максимално агилни, координирани и насочени кон потребите на граѓаните во погоденото подрачје во своето дејствување, додека Владата, сите нејзини ресори и надлежни служби ќе бидат на располагање во секое време“.
Генералната директорка на ДХМЗ, Бранка Иванчан-Пичек, рече дека оваа недела Хрватска ја опустоши невреме, кое по својот интензитет и размери е најголемо во Хрватска откако постојат метеоролошки мерења, а тоа е од средината на 19 век.