Бучковски: Заев ќе плати голема политичка цена за Законот за амнестија

77

Актуелниот шеф на македонската Влада, Зоран Заев, ќе плати голема  политичка цена за Законот за амнестија кој пред Нова Година им овозможи ослободување на обвиненијата на 15-мина инволвирани во упадот на Собранието на 27 април, изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во вестите на Канал 5.

– Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото, рече тој.

Бучковски потенцира дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и голем број на собири и дебати на правни експерти, но, како што рече, вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.