Бутел и Мостар ги јакнат пријателските врски

153

Промоција и јакнење на пријателските врски е целта на потпишаниот Меморандумот за соработка и пријателство меѓу општина Бутел и Град Мостар.

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски и Радмила Комадина, директор на административната градска управа на Мостар, со парафирањето на меморандумот се заложија за развивање и јакнење на врските меѓу двете општини и народите на Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

– Во рамки на посетата на Меѓународниот саем по повод Денови на црешата, градоначалникот Смилевски имаше и средба со претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и со претставници на локалните самоуправи од регионот, соопштија од општина Бутел.