Десет лица загинаа во невремето во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, а жртви се регистрирани и во Русија и Молдавија. Замрзнати ветрови и бури ја опустошуваат јужна Украина од неделата, блокирајќи ги патиштата и предизвикувајќи прекин на електричната енергија.
„Десет лица загинаа во областа на Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм. „Дваесет и три лица се повредени, меѓу кои и две деца“, додаде тој.
Most of Ukraine is in the middle of snowstorms now. Many people are without electricity or heating, several roads have been closed. This is a highway in Odesa.
Rescuers and snow plowing equipment are working around the clock. pic.twitter.com/iJ5ZToyHIg
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 27, 2023
Во руските медиуми ова невреме е наречено „бура на векот“, а ги зафати јужните региони на Дагестан, Краснодар и Ростов, каде од неделата беснее жестока бура која однесе неколку животи. Рускиот претседател Владимир Путин ги следи извештаите за „метеоролошки катастрофи“ и веќе и наредил на владата да преземе мерки за помош на погодените региони, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот министер за енергетика изјави дека 1,9 милиони луѓе останале без струја.
A very powerful storm in the Black Sea sank buildings in Russian-occupied Crimea, stranded a ship in Russian Krasnodar region and left hundreds of thousands of people without electricity.
Sadly, a lot of Ukrainian people on Russian-occupied territories suffer from the horrible… https://t.co/vIm2RVl4mi pic.twitter.com/r2oocAZ9Gk
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 27, 2023
Во самиот Киев нема прекини во снабдувањето со електрична енергија, а од утрово е ограничен влезот и движењето на товарни возила во градот.
Сообраќајот е во прекин на 14 патни правци, а најтешка е ситуацијата на северот и југот од областа Одеса, каде снежните наноси достигнуваат метар и половина.
Во Молдавија, телата на две лица се пронајдени во автомобил затрупан со снежни наноси во југоисточниот регион Коскали, објавија молдавските медиуми.