БУРАТА „КИРК“ СТАСА ВО ШПАНИЈА: Издадено црвено предупредување, дуваат ветрови со брзина од 205 км/ч

205

Бурата „Кирк“ денеска ја погоди Шпанија, северот на Пиринејскиот Полуостров е особено погоден од ветрови со урагански сили, а на планината Пикос де Европа беа измерени ветрови со брзина од 205 километри на час.

Шпанската метеоролошка агенција (Аемет) издаде црвено предупредување во Кантабрија, додека портокалово ниво на тревога е активирано во регионите Астурија, Кастилја и Леон, Галиција, Навара, Баскија и Риоха поради дожд, ветрови, силни бранови и бури, пренесува шпански Ефе.

Портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо, предупреди дека се очекува ветерот да продолжи да претставува најголема опасност во наредните часови и дека прогнозите покажуваат дека утре попладне интензитетот на невремето ќе се намали до умерен.