Бунт во Реал (М)!

1970
epa10577482 Real Madrid's Mariano Diaz (L) joins the players take part in a training session at Stamford Bridge in London, Britain, 17 April 2023. Real Madrid will face Chelsea in their UEFA Champions League quarterfinals second leg soccer match on 18 April 2023. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Клупскиот телевизиски канал на лидерот во Ла Лига, тимот на Реал (М), е една од најсилните теми во шпанскиот фудбал оваа сезона. „Кралскиот клуб“ редовно објавува видео снимки во кои во прв план се гледаат судиски грешки кои се против Реал (М). Поради таквата редовна практика на РМТВ веќе пристигна и осудувачки коментар од Шпанскиот фудбалски сојуз, а шпанските медиуми пишуваат и дека има некаква поделба во соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“.

Секоја недела, пред играчите на Реал (М) да истрчаат на зелениот терен, „RMTV“ истакнува неколку акции во својата емисија прашувајќи дали нивниот тим е оштетен. Во Шпанија тоа го толкуваат како притисок врз судиите, со што мадридскиот гигант се надева дека судиската организација на следните натпревари ќе попушти и нема да биде донесена некаква судиска одлука од која нема да профитира „кралскиот клуб“.

Според „Каден Копе“, потезите на клубот ја поделиле соблекувалната. Дел од играчите не ги прифаќаат овие потези на клубот бидејќи сметаат дека тоа почесто им носи штета отколку корист во судиските критериуми.

Интересно, но поголемиот дел од медиумите во Шпанија редовно констатираат дека Реал (М) е најпривилигитаниот клуб во Ла Лига и најлесно добива удари од белата точка.