Булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и Владата утре без вода

50

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од булеварот „Илинден“, Владата и булеварот „ВМРО“, блок 12.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на булевар „Илинден“ пред Владата на Република Северна Македонија.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.