Булгаргаз и Газпром преговараат за намалување на цената на гасот за Бугарија

44

Компанијата „Булгаргаз“ е во финална етапа на преговорите со рускиот гигант „Газпром“ за намалување на цената на достава на гасот во Бугарија.

– Се очекува до крајот на месецот страните да постигнат договор, а цената на природниот гас за бугарскиот гас ќе биде значително намалена, се наведува во соопштението од „Булгаргаз“.

Во соопштението се посочува дека веднаш по потпишување на договорот „Булгаргаз“ да ги намали цените за гасот за крајните потрошувачи, а и најави преразгледување на шемата за цени на Бугарската комисија за регулирање на енергенсите и водите.