Црногорскиот шампион Будуќност е на пат да ја доживее судбината на некогашните европски гиганти Кометал Ѓорче Петров, Шлагелсе, Валенсија…и да се распадне само на недела дена пред стартот на подготовките.

Откажувањето на генералниот спонзор „Бемакс“, загубениот спор со Милена Раичевиќ, заминувањето на тренерот Бојана Поповиќ…но и празната каса се причина за многу веројатниот распад.

Директорката на клубот, Маја Булатовиќ, апелира дека општината Подгорица и државата Црна Гора се на потег и треба да го спасат клубот.

„На денешен ден клубот се гаси. За жал, не е ни прв, ни последен, но тоа е судбина што не дочека. Останавме без спонзорот и проблемите се големи. Минатата недела пробавме да ги минимизираме трошоцоите и да раскинуваме договори, бидејќи немаме услови да плаќаме било што. Нешто успеавме, нешто не. Дел од подготвките беа платени, договорени беа настапи на турнири, платени авионски билети…Овие денови правиме анекси на договорите со новите ракометарки, за да поминеме без пенали и сите да бидат слободни во изборот на нови клубови. Колку ќе успееме не знам. Едноставно, клубот се гаси“, вели легендата на црногорскиот ракомет во изјава за „Дан“.

Сите ракометарки се слободни, а една од новите што требаше да дојде – Русинката Валерија Кирдашева, веќе најде нова средина и ќе игра за романската Глорија Бистрица.

Будуќност ја осовјуваше титулата во Лигата на шампионите во 2012 и 2015 година, а сега Европската ракометна федерација би можела драстично да ги казни