Будистички манастир во централниот дел на Тајланд се наоѓа под истрага откако на тоа место биле откриени 41 тело, за кои се верува дека биле користени за посебна пракса на медитација, соопшти тамошната полиција.
Телата се откриени во саботата во манастирот Па Нахон Чибоворн во централниот дел на земјата, наведе полицијата и додаде дека кај секое тело се пронајдени документи – посмртници и потврди за донација на телата.
Полицијата треба да поровери кај семејствата на починатите дали тие своеволно ги донирале телата.
„Сакаме да бидеме сигурни дека ниту едно тело не е украдено“, наведе полиција.
Започната е потрага неколку дена откако полицијата во средата открила 12 тела во друг манастир во соседната провинција, пренесоа локалните медиуми.
Старешината на манастирот во провинцијата Фичит каде што се пронајдени 41 труп, Аџарн Фандито, изјави дека користење на труповите е дел од „техника на медитација“ што ја развил самиот тој.
„Многумина од оние кои доаѓаат да учат се верници и сите тие монаси го пренесуваат тоа знаење. Не знам колку од нив ја имаат усвоено мојата техника“, изјави тој.
Старешината на манастирот рече дека „практикантите медитираат во павилјони кои содржат ковчези со човечки остатоци“.
Полицијата во Фичиту соопшти дека соработува со властите во други провинции со цел да утвири дали таа пракса е широко распространета.
Тој метод на контемплативна медитација со трупови во различни фази од разградувањето на телото се појавил во Тајланд во 18 век и бил распространет се до 20-тиот век кога почнува да исчезнува.