Бугарската влада започна со засилување на кибер безбедноста

59

Со цел да се обезбеди кибер безбедноста на Бугарија и поради зголемената ескалација на хибридните напади, Министерството за е-Влада на Бугарија, заедно со Одделот за компјутерски криминал при МВР, презеде акција за филтрирање или запирање на сообраќајот од над 45.000 интернет адреси од кои се обидуваат за злонамерно мешање во електронски системи или мрежи, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија по електронски пат, до телекомуникациските оператори се испратени известувања, а компаниите во Бугарија кои нудат јавни комуникациски мрежи и услуги се обврзани веднаш, кога е технички можно, да го филтрираат и да го стопираат злонамерниот интернет сообраќај.