Бруно побара да се укине едно фудбалско правило

41
epa10335412 Cristiano Ronaldo (L) and Bruno Fernandes celebrate after the FIFA World Cup 2022 group H soccer match between Portugal and Uruguay at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 28 November 2022. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Бруно Фернандеш, играчот од средниот ред на португалската репрезентација и капитен на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, побара од одговорните за фудбалските правила да ја укинат санкцијата на играчите за соблекувње на дресот при прослава на гол. Фернандеш се осврна на примерот на неговиот соиграч Амадо Диало, кој го пропушта следниот натпревар поради соблекување на дресот.

Да потсетиме, Диало постигна гол против Ливерпул во 121. минута од четврт-финалето на ФА Купот за победа на Јунајтед од 4:3 и пласман во следната фаза од натпреварувањето. Прославата што следеше му донесе втор жолт картон, што значеше дека нема да има право да игра против Брентфорд.

„Таков момент треба да се слави, а постојното правило да се смени. Треба да може да се прослави постигнатиот гол, треба да се радувате во тој момент. Секако, со почит кон другите клубови“, изјави 29-годишниот играч од средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед во полуфиналето за противник ќе го има тимот на Ковентри, додека во второто полуфинале ќе се сретнат големите ривали од Премиер лигата, Челзи и Манчестер Сити.