Бројот на туристи лани во Крушево пораснал за 70%

147

Минатата година Крушево имаше раст во бројот на туристи за околу 70 отсто и продолжување на престојот на туристите во просек. Оваа година локалната самоуправа очекува дополнително зголемување на посетеност како резултат на многубројните настани кои се организираат.

– Годинава очекуваме уште поголемо зголемување на посетеноста, а тоа значи повеќе пари за угостителскиот сектор. Локалната самоуправа, но и други организации, институции и поединци организираат активности кои се поттик во привлекувањето на посетители – изјави градоначалникот на општина Крушево. Томе Христоски.
Веќе наредниот викенд се одржува настанот „When in Krusevo – Winter is Here“ кој се очекува да привлече околу 1.000 посетители.