Бројот на туристи во првите седум месеци зголемен за 8,7 отсто во однос на лани

24

Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.

Во првите седум месеци од годинава, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 2,7 проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.