Бројот на случаи на труење со храна во рестораните на „Мекдоналдс“ во САД е во пораст

33

Епидемијата на труење со храна поврзана со хамбургерот „Quarter Pounder“ на „Мекдоналдс“ се прошири и бројот на заболени се искачи на најмалку 75 во 13 американски држави.

Центрите за контрола и превенција на болести денеска соопштија дека најмалку 22 лица се хоспитализирани. Едно лице починало, а две развиле опасна компликација на бубрежна болест, јавува Гласот на Америка.

Не е идентификуван извор на појава на E. coli, а официјалните лица се фокусираат на сечканиот кромид што се користи во хамбургерите.

Претставниците на Мекдоналдс изјавија дека одгледувачот од Калифорнија го испорачал жолтиот кромид, кој бил повлечен поради можна контаминација.

„Мекдоналдс“ го повлече хамбургерот од менито во неколку држави кога беше објавено избувнувањето.