Бројот на невработени во Германија се намали за 108.000 во септември, и покрај кризата поради коронавирусот, во споредба со претходниот месец.
Овој месец 2.846 милиони Германци биле без работа, што е за 613.000 повеќе од пред една година, објави Федералната агенција за труд.
Стапката на невработеност во септември беше 6,2 проценти.
Намален е и бројот на работници со скратено работно време.