Бројот на загинати во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 лица се повредени, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
За време на обиколката на местото на несреќата во Магдебург, тој ја изразил својата загриженост за 40 лица кои се здобиле со тешки повреди, пренесува германскиот весник Билд.
Солц рече дека сторителот, кој беше уапсен по нападот синоќа, ќе биде „детално истражен“.