Бројот на загинати во бродоломот во Италија се искачи на 58

55

Најмалку 58 лица загинаа, меѓу кои и деца, кога дрвен едреник со мигранти удри во карпи на јужниот италијански брег рано утринава, соопштија официјални лица.

Бродот исплови од Измир, Турција пред неколку дена со мигранти од Авганистан, Иран и неколку други земји и беше урнат во невремето на источниот брег на Калабрија, објави Ројтерс. Досега загинати се 58 лица, изјави за британската агенција Мануела Кура, претставник на покраинската влада.

Според неа, 81 лице се преживеани, од кои 20 се хоспитализирани, а едно лице е на интензивна нега.