Лондонскиот премиерлигаш Челзи со големо внимание ја следи ситуацијата околу хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Марсело Брозовиќ. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе може да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ без никакво обештетување. Интерес за неговите услуги покажуваат и челниците на Барселона.