„Бритиш ерлајнс“ изгубила контакт со авионите, хаос ширум континентот: Патниците заробени, над десетина летови приземјени

130

Над десетина летови на британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ итно се приземјени поради грешка во информатичката технологија која влијаела на софтверот за одложување на авионот и задржување на патниците, пренесува „Си-eн-ен“. Затоа, пилотите не можеле да ги достават плановите за летови по електронски пат и морале рачно да се јават во оперативниот центар на аеродромот Хитроу.

Проблемот настанал денеска околу 17 часот. Патниците нешто пред 17 часот пријавиле проблем со веб-страницата на споменатата авиокомпанија.

Патниците на социјалните мрежи објавија дека се заглавени на пистите во Неапол, Дизелдорф и Тенерифе. Хаосот ги спречи пилотите да поднесат „листови за оптоварување“ кои се клучни за безбедноста на авионите – тие ја пресметуваат тежината и распределбата на патниците, товарот и горивото и се користат за пресметување на перформансите и ефикасноста.