Британски министер поднесе оставка поради плановите на Меј за одложување на Брегзит

157

Британскиот министер за земјоделство, Џорџ Јустис денеска најави оставка поради одлуката на премиерот Тереза Меј да му понуди на Парламентот да гласа за евентуално одложување на Брегзит.

Под притисок од проевропските министри, претходно оваа недела Меј вети дека пратениците ќе имаат можност да се изјаснат дали да побараат продолжување на преговорите за излегување од ЕУИ ако нејзиниот договор за Брегзит и „без договор“ бидат одбиени на гласањето во Парламентот следниот месец.

– Се плашам дека развојот на нештата оваа недела ќе доведе до серија настани, а кулминација
ќе биде ЕУ да ги диктира условите за какво било побарано продолжување и крајно понижување на земјата“, напиша тој во неговото писмо со оставка, јави Би-Би-Си.