Британски министер го критикуваше Трамп, сега тврди: „Тоа се стари вести“!

28

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми ги отфрли како „стара вест“ неговите претходни остри критики за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Претходните критики вклучуваат обвинувања дека Трамп е „социопат кој ги симпатизира нацистите“, објави Гардијан.

Во интервју за Би-Би-Си, Леми рече дека тоа е дел од минатото и дека ќе биде тешко да се најде политичар кој не дава некои „остри коментари“ за Трамп.

Леми додаде дека не жали за неговите претходни изјави и посочи дека за време на средбата со Трамп во Њујорк во септември, новоизбраниот претседател „ниту еднаш не ги спомнал“ неговите коментари.

Во меѓувреме, вицепремиерката на Велика Британија, Ангела Рејнер, откри дека разговарала со потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс и го пофалила разговорот со сенаторот од Охајо.

Рајнер претходно го критикуваше Трамп, нарекувајќи го „апсолутен идиот“ за неговото справување со кризата со коронавирус.